Во англиската Премиер лига се одиграа првите три кола, а според досегашните мерења, голгетерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, е најбрзиот играч во лигата. Измерено е дека Халанд успеал да развие брзина на трчање од 35,74 километри на час, што е доволно засега да го има епитетот на најбрз.
Интересно е дека во Топ 10 најбрзи играчи, дури тројца се од тимот на Тотенхем, а двајца од Манчестер јунајтед. Зад најбрзиот Халанд, следуваат:
Тимо Вернер од Тотенхем (35,69 км на час)
Алехандро Гарначо од Манчестер ј. (35,48 км на час)
Камерон Арчер од Саутхемптон (35,47 км на час)
Маркус Рашфорд од Манчестер ј. (35,35 км на час)
Џерсон Москара од Вулверхемптон (35,32 км на час)
Мики ван де Вен од Тотенхем (35,17 км на час)
Антони Родинсон од Фулам (35,14 км на час)
Сон Хеунг-мин од Тотенхем (35,13 км на час)
Габриел Мартинели од Арсенал (35.08 км на час)