Два клуба од Серија А во борба за потписот на Иван Перишиќ

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ може да бира помеѓу два клуба од Серија А откако спогодбено го раскина договорот со сплитски Хајдук. Перишиќ пристигна во Хајдук како големо засилување, но по недоразбирањарата со тренерот Џенаро Гатузо, тој си замина.

Сега за неговиот потпис се борат екипите на Комо и Монца, две богати и амбициозни екипи. Перишиќ во кое било време може да потпише, со оглед на тоа дека е слободен фудбалер, а во моментов во предност за неговиот потпис е Монца.

Перишиќ во својата кариера беше дел од Сошо, Роселаре, Бриж, Борусија Дортмунд, Волфсбург, Интер, Баерн Минхен и Тотенхем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести