Драма во Ријад, тимот на Роналдо во 100-та минута со среќен гол се спаси од пораз (Видео)

Дебито на Иван Тони во дресот на Ал-Ахли за малку ќе беше со победа во саудиско дерби на гостување кај Ал-Наср, но тимот на Кристијано Роналдо во последните секунди се спаси од пораз и средбата заврши 1-1.

Ал-Ахли поведе со прецизниот шут на Франк Кеси. Голот погледнете го ТУКА.

По истекот на 90-те минути, судијата покажа 8 минути продолжение, но мечот потраја подолго, и во 100-та минута домашните израмнија благодарение на автогол по шут од речиси мртов агол кој беше нафрлување. Голот за 1-1 погледнете го ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести