Гатузо без влакна на јазикот: Со претседателот на Хајдук не разговаравме еден месец!

Хајдук го победи Динамо во Загреб со 1-0, а тренерот на сплитските Бели даде изјава која нема да му се допадне на претседателот на Хајдук, бидејќи на површина испливаа некои од проблемите кои ги има клубот.

„Овој натпревар требаше да се игра со многу карактер, а моите играчи го покажаа. Не треба да гледаме на табелата, уште е рано. Овие момци се единствената причина поради која сè уште сум тука. Ме прават среќен. Тимот ме следи, ме слуша и затоа напредува. Немам време да размислувам за разочарувања. Ми ветија некои работи, но не се исполнија. Не е точно дека јас и претседателот на Хајдук не зборувавме десет дена, не зборувавме еден месец. Ќе продолжам да се борам“, рече Гатузо.

Гатузо победата му ја посвети на неодамна разрешениот спортски директор Никола Калиниќ.

„Оваа победа му ја посветувам на Никола Калиниќ. Можете да кажете што било за него, но тој не е лажго. Ме убедуваше да дојдам во Хајдук, да не беше тој, никогаш немаше да бидам овде. Му благодарам за сè што направи“, изјави Гатузо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести