Најголемото изненадување во четвртото коло од Премиер лигата го направи екипата на Нотингем форест, која со 0-1 слеваше на гостувањето на „Енфилд роуд“ над Ливерпул. За „црвените“ ова е првиот пораз во новата премиерлигашка сезона.
Единствениот гол на мечот беше дело на Калум Хадсон-Одои во 72-рата минута.
Манчестер сити останува единствената максимална екипа после четири премиерлигашки кола, откако на домашен терен славеше над Брентфорд со 2-1. Двата гола беа дело на Ерлинг Халанд, кој дојде до неверојатна бројка од девет гола на четири меча во Премиер лигата.
Изненадувачки, Брентфорд дојде во водство уште во 22-рата секунда од мечот, откако Виса најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник и ја искористи колебливоста на домашната одбрана.
Примениот гол само како да го разлути Ерлинг Халанд, кој доминираше во продолжение од првото полувреме. Норвежанецот најпрво во 19-тата минута го израмни резултатот на 1-1.
Во 32-рата минута повторно на сцена е Халанд, со својот втор гол, за пресврт и водство на Манчестер сити од 2-1.
Резултати:
Саутемптон – Манчестер јунајтед 0-2
Брајтон – Ипсвич 0-0
Кристал палас – Лестер 1-2
Фулам – Вест хем 1-1
Ливерпул – Нотингем 0-1
Манчестер сити – Брентфорд 2-1