Фудбалерот на Сосиедад лут: „Како е ова пенал за Реал? Сакам објаснување“

Реал Мадрид со головите на Винисиус и Мбапа, двата од пенал, дојде до победа од 0-2 над Реал Сосиедад. За „кралевите“ се досудени четири пенали на последните три натпревари, а социјалните мрежи се преполни со комични коментари на сметка на Реал Мадрид.

Со досудените пенали не се согласува и фудбалерот на Реал Сосиедад, Такефусо Кубо, кој лут дојде на прес-конференцијата после натпреварот.

„Вториот пенал? Само сакам објаснува.“ – беше единственото што го кажа јапонецот после дуелот со Реал Мадрид.

Она што е интересно за овој фудбалер е тоа што тој во 2011-тата година пристигна во академијата на Барселона, но после четири години се врати во татковината. Во 2019-тата година беше купен од Реал Мадрид и беше испраќан на позајмици во Мајорка, Виљареал и Хетафе, пред да биде продаден на Реал Сосиедад во 2022-рата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести