Џенова и Рома одиграа нерешено 1-1 во интересен меч од Серија А. Рома и по четири кола не знае за победа сезонава.
Стрелец на голот за Рома беше Артем Довбик. За Украинецот ова е прв гол сезонава, и кога се мислеше дека неговиот погодок ќе донесе три бода за Волчицата, се случи голема радост за домашните фанови во 96-та минута, Џенова израмни со гол на Де Винтер кој погоди со шут со глава и ги шокираше римјаните.
На стадионот во Џенова беше присутен и тенисерот Стефанос Циципас кој пред мечот имаше свое шоу.