Работнички го победи Тиквеш, и ѝ се придружи на Шкендија на врвот на табелата во Првата македонска фудбалска лига. Дебармаалци во овие пет кола покажуваат дека се добар тим кој може да се бори за висок пласман.
Интересно беше на стадионот во Маџари каде Вардар со гол од слободен удар на Босанчиќ во финишот, се спаси од пораз против Гостивар. Струмичани имаа 3-0, а на крај мораа да се задоволат со минимална победа над Беса во најефикасниот меч денеска, дуел на кој сите пет гола паднаа во второто полувреме.
РЕЗУЛТАТИ: Брера Струмица – Беса 3-2, Гостивар – Вардар 1-1, Пелистер – Струга 1-1, Работнички – Тиквеш 3-1, Шкупи – Шкендија 1-1, Воска спорт – Силекс 0-3.
На врвот се Шкендија и Работнички со по 11 бодови, Струга има 10, Силекс и Гостивар по 9, Брера 6, Шкупи и Пелистер по 5, а долу се Тиквеш, Воска, Беса и Вардар со по 4 бодови.