Барселона го продолжи перфектниот старт на новатат сезона, откако убедливо со 4:1 победи на гости кај Жирона, во рамките од петото коло. Минатата сезона Барселона загуби во двата меча со Жирона, но овојпат каталонскиот гигант покажа сила и не дозволи уште едно изненадување.
Клучен играч во победата беше Ламин Јамал. Младиот 17-годишен тинејџер постигна два гола во првото полувреме и го најави триумфот на гостите, кои на крајот славеа со 4:1.
Со овие два гола Јамал само ја продолжи одличната форма во која се наоѓа од почетокот на летото. Тинејџерот беше клучен играч и во дресот на шпанската репрезентација која ја освои европската титула на континенталниот турнир во Германија.
Во последните 11 средби кои ги одигра во дресот на Шпанија на репрезентативен план, како и со Барселона на клупски план, Јамал директно учествувал во постигнување на 12 погодоци.
На репрезентативно ниво тој имаше асистенции за погодоци на дуелите против Грузија, Германија, Англија и Швајцарија а даде гол против Франција. Со Барселона, освен головите против Жирона, даде погодок и на Атлетик Билбао, а асистираше за погодоци против Валенсија, Рајо Валјекано и Валјадолид. Единствено немаше ефект на дуелот Србија – Шпанија во Белград кој заврши без голови.