Кирил беше најуспешен прогнозер, 11-ката му донесе ваучер од 500 денари

Кирил Х. погоди 11 од 13-те парови од основната понуда на бесплатната и забавна Спортска прогноза и ќе добие вредносен ваучер од Sport Life во износ од 500 денари.

Кирил имаше само две утки во прогнозите за овој викенд. Не ја предвиде победата на Еспањол против Алавес (типувале победа на гостите), а типувал и нерешено за дербито Тотенхем – Арсенал, меч кој заврши со победа на Топчиите од 1-0. Да не дадеше гол Арсенал, Кирил би добил ваучер од 1.000 денари.

Тој има еден погодок и од резервните парови кои се сметаат во генералниот пласман.

Деветмина прогнозери беа на прагот да добијат ваучер, имаа по 10 погодоци и им фалеше уште една за да добијат ваучер од Sport Life од 500 денари.

Паровите за наредното, четврто коло сезонава, ќе ги објавиме утре, во стандардниот термин од 14 часот.

- Оглас -

Најнови вести