ПСЖ ќе мора без Донарума на дуелот против Жирона во Лигата на шампионите

Францускиот првак Пари Сен Жермен ќе мора да ја стартува Лигата на шампионите без својот прв чувар на мрежата, Џанлуиџи Донарума. Италијанецот се повреди на првенствениот натпревар против Брест и нема да биде подготвен за дуелот против Жирона во елитното натпреварување.

ПСЖ соопшти дека станува збор за повреда на мускулот на десната нога, поради која Џанлуиџи Донарума ќе мора да паузира најмалку седум дена.

Во отсуство на Донарума, се очекува тренерот Луис Енрике да му даде шанса на рускиот голман Матеј Сафонов.

- Оглас -

Најнови вести