Анчелоти во одбрана на Винисиус: „Ова никој не може да го издржи“

Публиката во Сан Себастијан со свирежи го испраќаше секој допир со топката на Винисиус на дуелот од Ла Лига помеѓу Реал Сосиедад и Реал Мадрид. Причината за негодувањето беа ситуациите во кои Бразилецот симулираше и се расправаше со судиите, а откако успеа да постигне гол од пенал, го стави прстот на устата и им покажа на навивачите на домашните да молчат.

„Тоа е реакција на лошите ситуации кои постојано му се случуваат. Постојано го навредуваат, никој не може да го издржи тоа, па ни јас. Нормално е да го става прстот на уста со оглед на тоа што се случува. Неиздржливо е ова што му се случува со години наназад. Мора да го намалиме фокусот од него и да го зголемиме на она што се случува на стадионите. Мислам дека навивачите тоа го прават бидејќи се плашат од него на спортски план, па сакаат да го исфрлат од рамнотежа“, рече тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести