ПСВ Ајндховен официјално потврди дека нивен нов член е Хрватот Иван Перишиќ.
Тој во холандскиот првак дојде како слободен играч откако го раскина договорот со Хајдук. Клубот сподели негова фотографија со порака: „Иван Перишиќ. Играч за големи натпревари. Освојувач на тројна круна. Добредојде во семејството!“.
Перишиќ на 612 натпревари, има 141 гол и 122 асистенции во клупската кариера, а играл за Сошо, Розелар, Клуб Бриж, Борусија Дортмунд, Волфсбург, Интер, Баерн, Тотенхем и Хајдук. Има и 136 меча за хрватската репрезентација.
„Откако станав слободен играч, чекав ваква опција, клуб и средина каде што ќе се чувствувам добро и каде што ќе можам да освојувам трофеи. Побарав совет од мојот поранешен соиграч Дензел Думфрис и ме убеди дека ПСВ е вистинскиот чекор. Едвај чекам да започнам и да освојам трофеи“, рече Перишиќ.