Федерер: Ѓоковиќ е сериозен кандидат за титулата на ОП на Австралијан

Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер ретко кога искажува пофални зборови за Новак Ѓоковиќ, па затоа изненади многумина кога рече дека Србинот е сериозен кандидат за освојување на првиот гранслем-турнир во 2025 година, Отвореното првенство на Австралија.

„Со Рафа не знам што ќе се случува, ќе видиме. Тешко ми е да прогнозирам што било во врска со него бидејќи во последните две години речиси и да не играше. Новак на Олимписките игри освои злато и редовно се натпреварува. Вистина е дека имаше некои повреди, но тие се нормални кога ќе остариш. Мислам дека ќе биде еден од фаворитите за освојување на Отвореното првенство на Австралија, заедно со Синер и Алкарас. Синер треба да ја одбрани титулата, Карлос има потенцијал да ги освои сите четири гренслема, така што ќе биде многу интересен турнир“, изјави Федерер.

- Оглас -

Најнови вести