Голманот Лукаш Скорупски е јунакот на Болоња во првото полувреме на дуелот со Шахтар од Лигата на шампионите.
Резултатот е 0-0, а Скорупски во четвртата минута му одбрани пенал на Георги Судаков. Пеналот беше изведен само по 208 секунди игра и тоа е трети најбрз одбранет пенал во историјата на ЛШ.
Болоња 60 години нема играно меч од елитно европско натпреварување, средбата со украинскиот тим се игра на многу силен дожд, а Болоњезите имаа и среќа што при пеналот, Пош мина само со жолт картон.
На другиот меч од 18.45 часот, Спарта Прага води против Салцбург со 1-0, со погодок на Финецот Каиринен уште во втората минута (даде гол само по 107 секунди игра на своето деби во ЛШ).