Спарта Прага моќно го стартуваше новото издание во Лигата на шампионите откако на домашен терен го победи Салцбург со 3-0. Кан Каиринен уште во втората минута обезбеди предност за чешкиот тим, а Виктор Олатунџи пред полувремето зголеми и на 2-0.
Третиот гол за Спарта Прага го постигна Ќазим Лаци во 58-мата минута, по што Салцбург и дефинитивно беше поразен на стартот од ЛШ.
Италијанскиот претставник Болоња на домашен терен одигра без голови против Шахтар Доњецк. Тимот на Винченцо Италијано имаше иницијатива, создаде неколку добри можности, но не успеа да ја затресе мрежата на противникот. На почетокот на мечот Шахтар не реализира пенал.