Легендарниот Хесус Навас објави крај на кариерата: По натпревар, три дена не можам да одам

Легендарниот шпански фудбалер Хесус Навас објави дека ќе ја заврши активната фудбалска кариера. Неговиот договор со Севиља истекува на крајот од календарската година, па тој објави дека на 31 декември заминува во фудбалска пензија.

Хесус Навас беше дел од репрезентацијата на Шпанија, која ја освои европската титула и по успехот се повлече од националниот тим, а сега објави дека конечно ќе стави и крај на активната кариера.

„Донесов одлука, моето тело веќе не може да ги издржи сите напори. Четири години се справувам со оваа ситуација, болките се сѐ посилни. По одигран натпревар, не можам да одам нормално можеби два или три дена. Сакав да бидам со тимот, но предизвикот е огромен, а секој натпревар ми е многу тежок“, изјави Шпанецот.

Хесус Навас е легенда на Севиља за која во два наврати настапуваше вкупно 17 години. Тој беше член и на англискиот премиерлигаш Манчестер сити од 2013 до 2017 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести