Голманот на Милан, Мајк Мењан, денеска се врати на тренинг и ќе биде подготвен за настап на дербито против Интер кое ќе се игра престојниот викенд.
Францускиот голман принудно беше заменет на дуелот против Ливерпул, на кој Росонерите загубија со 1:3 во првото коло од Лигата на шампионите. Мењон имаше неколку одбрани против англискиот гигант, а потоа се повреди и мораше да биде заменет.
Сега од Милано доаѓаат позитивни вести за фановите на Милан и Мењан ќе биде во стартниот состав против градскиот ривал Интер.