Во Шпанија се изречени првите затворски казни за расизам на стадионите

Двајца навивачи на Мајорка кои на натпреварите против Реал Мадрид и против Виљареал ги навредуваа противничките фудбалери на расна основа добија затворски казни во вкупно траење од една година. Дополнително, тие добија и тригодишна забрана за влез на стадионите во Шпанија.

Секој од нив ќе добие по шест месеци затворска казна, врз основа на новиот закон кој пропишува строги затворски казни за расистички навреди во шпанскиот фудбал. Навивачите се осудени поради „злочин од морален интегритет со отежителна околност дискриминација од расистички причини“.

Цел на навредите беа Бразилецот Винисиус јуниор од Реал Мадрид и Нигериецот Самуел Чуквуезе од Виљареал. Двата натпревари беа одиграни на стадионот на Мајорка во февруари оваа година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести