Флик: Никогаш не сум видел играч како Кунде, после натпревар сака да тренира

Тренерот на Барселона, Ханс Дитер Флик, е импресиониран од работната етика на Французинот Жил Кунде. Флик призна дека првпат соработува со фудбалер кој не сака да одмора.

„Тоа е неверојатно, никогаш не сум видел нешто слично. Му велам слободен ден е, а тој сака да тренира по натпревар. Тоа не е нормално, но тоа ме прави среќен. Добро е да се види дека тој сака да се подобри на секој тренинг“, изјави Флик.

Флик се пошегува со новинарите кои се обидоа да го посоветуваат сепак да го остави Кунде малку да одмори.

„Ајде вие да му го кажете тоа, во ред? Вие кажете му дека му треба одмор“, рече Флик со насмевка на лицето.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести