Ограбени просториите на „Ролан Гарос“ во Париз

Ноќта помеѓу четврток и петок, крадци провалиле во простории на комплексот на „Ролан Гарос“ во булоњската шума во Париз.

Криминалците кои прво ги прескокнале високите порти на заградениот простор, и така влегле во канцеларии во комплексот, украле 11.000 евра во готовина, и накит во вредност од околу 20.000 евра.

Овој настан е без преседан, и затоа шокот во француската јавност по обелоденувањето на кражбата е голем.

- Оглас -

Најнови вести