Миовски повторно остана на клупа

Жирона одигра 1-1 на гостувањето кај Селта Виго, а Бојан Миовски остана на клупата за резерви.

Ако се следи некоја традиција дека во последно време Бојан влегува во игра кај Жирона на секој трети меч, треба да се очекува да биде на терен в среда на дуелот со Феенорд во Лигата на шампионите.

Миовски уште го чека своето деби во ЛШ, а во шпанската лига ги пропушти последните два меча. Во дресот на Жирона има три настапи и ниту еден гол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести