Ремито од 2-2 на Ипсвич и Астон Вила не може да ги задоволи ни едните ни другите, но ќе мора да се помират со судбината.
Ипсвич и понатаму е без победа откако се врати во Премиер лигата, а има серија од четири нерешени игри по ред. Нивниот 21-годишен играч Лијам Делап даде два гола со кои го спаси тимот од пораз. Голот на Делап за 2-2, погледнете го ТУКА.
Астон Вила со победа ќе избиеше на второ место на табелата со ист број бодови како лидерот Ливерпул, но не ја искористи шансата и расположението на Оли Воткинс кој имаше и гол и асистенција против Ипсвич.