Ајнтрахт со победи Холштајн Кил со 4-2 и ја извојува четвртата победа едноподруго во Бундеслигата, па сега е втор на табелата зад Баерн Минхен кого ќе го пречека во Франкфурт следниот викенд и тоа ќе биде големо дерби и битка за врвот.
Ниту еден друг тим во германската лига нема четири победи по ред, а Кил со само еден бод во пет кола е последен на табелата.
Најзаслужен за денешната победа на Ајнтрахт беше Египќанецот Омар Мармуш кој даде два гола, а имаше и две асистенции. Мармуш кој е прв стрелец во Бундеслигата, има постигнато 6 голови во само пет кола и тоа е клупски рекорд на Ајнтрахт.