Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, одлучи да се повлече од репрезентацијата на Франција и повеќе нема да настапува за Триколорите. Гризман за Франција дебитираше пред 10 години и одигра вкупно 137 натпревари, на кои постигна 44 гола, а забележа и 38 асистенции.
Французинот со националната селекција освои злато и сребро на Светските првенства, сребро на Европско првенство, а еднаш ја освои и Лигата на нации.
„Го затворам ова прекрасно поглавје од мојата кариера. Ви благодарам за спомените“, порача Гризман.