Борнмут стигна до втората победа во Премиер лигата оваа сезона откако на домашен терен го победи Саутхемптон со 3-1. Трите гола домашните фудбалери ги постигнаа во првото полувреме, а одбраната на Саутхемптон и понатаму делува очајно во елитата.
Еванилсон донесе водство, а Оутара во 32-рата минута зголеми на 2-0. До крајот на првиот дел погоди и Семенјо за убедливи 3-0.
Саутхемптон намали во 51-вата минута преку Харвуд-Белис, но тоа беше сѐ што направија гостите на овој меч.