Трансфер-бомби во Струмица: Браќата Ѓорѓиеви и Љафтов го засилија одбојкарскиот шампион

Одбојкарскиот шампион на Македонија, Струмица, донесе три големи репрезентативни засилувања за предизвиците кои ги очекуваат на домашна, но и на европска сцена. Најдобриот македонски одбојкар, Никола Ѓорѓиев, но и помладиот од браќата Ѓорѓиеви, Никола, се нови одбојкари на Струмица, а дома се враќа и Александар Љафтов.

Струмица минатата сезона го освои првенството на Македонија, а во финалето на Купот, загуби од Штип УГД, но сега ќе бидат не само фаворити број 1 во домашна конкуренција, туку стануваат и фаворити против Капошвар во двомечот од ЦЕВ купот.

Шампионот на Македонија веќе настапи во Лигата на шампионите, каде што беше елиминиран од грчкиот Олимпијакос со два идентични порази од по 3-0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести