Крилниот напаѓач на Барселона, Ламин Јамал, е прогласен за најдобар фудбалер во шпанската Ла Лига за месец септември.
Јамал во септември, на четири натпревари во Ла Лига, постигна три гола – два против Жирона и еден против Осасуна, a имаше и една асистенција на натпреварот против Виљареал.
Барселона е лидер на табелата со 21 бод од осум кола. Реал Мадрид има 18 бода, Виљареал 17, а Атлетико Мадрид е на четвртата позиција 16 бода.
Јамал досега во сезоната има ефект од пет погодоци и пет асистенции.
Наградата за месец август ја доби Рафиња, уште еден ас од Барселона.