Потег на голем клуб, Реал Мадрид официјално му го продолжи договорот на Карвахал

Реал Мадрид официјално му го продолжи договорот на Даниел Карвахал до 30-ти јуни 2026 година.

Карвахал пристигна во Реал Мадрид во 2002 година, кога имаше само 10 години, и играше во сите младински категории, а од 2013 година е дел од првиот тим и за овие 12 сезони стана ѕвезда на Реал и светскиот фудбал.

Со Реал Мадрид има освоено 26 титули во 427 натпревари, тој е еден од петте играчи кои успеале да освојат 6 титули во Лигата на шампионите.

„Реал Мадрид сака да му ја покаже сета своја поддршка и љубов и му посакува брзо закрепнување за што поскоро повторно да уживаме во неговиот фудбал на теренот“, порачаа од Кралскиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести