Севиља оствари голема победа (1-0) во градското дерби против Бетис и се искачи на 12-тата позиција на табелата во Ла Лига. Овој дуел секогаш е посебен и за двата тима, а за Севиља може да значи чекор напред кон стабилизирање и вовед во подобра сезона.
Доди Лукебакио беше стрелец на победничкиот гол за Севиља. Тој во 50-тата минута успеа да реализира пенал.
Севиља во финишот остана со фудбалер помалку откако беше исклучен Нијанзу во 90-тата минута.