Јувентус направи кикс на домашен терен во Торино откако одигра само 1:1 против Калјари. Старата дама беше голем фаворит пред средбата, имаше водство од 1:0 со погодокот на Душан Влаховиќ од пенал, но тоа не беше доволно.
Во финишот на дуелот беше досуден пенал и за Калјари, кој беше реализиран за 1:1. Тоа беше првиот погодок што Јувентус го прими сезонава и доволен за изненадување во Торино.
Јувентус можеше многу порано да ги реши сите дилеми околу победникот ако Влаховиќ постигнеше и втор погодок, и тоа од ситуација која според многумина е подобра и од пенал.
Србинот беше сам од само неколку метри пред голманот на гостите, но наместо да ја смести топката во мрежата, шутираше покрај голот, што секако е едно од најголемите промашувања сезонава.