Фудбалската репрезентација на Бразил ќе биде без својата најголема ѕвезда, Винисиус, на натпреварите од квалификациите за СП 2026 против Чиле и Перу. Бразилецот беше дел од екипата на Реал Мадрид, која го победи Виљареал со 2-0, дури и го постигна вториот погодок за Кралевите, но од актуелниот шампион на Шпанија соопштија дека тој има повреда на вратот и ќе мора да паузира.
Според првичните информации, повредата не е сериозна и Винисиус ќе биде подготвен за следниот натпревар на Реал Мадрид во Ла Лига, но нема да може да настапи против Чиле на 11 и против Перу на 16и октомври.
Винисиус оваа сезона одигра 12 натпревари за Реал Мадрид и постигна четири гола.
Ќе го нема ни тимскиот колега на Вини, Милитао, кој има мала повреда на мускул во левата нога.