Шестото коло сезонава на бесплатната Спортска прогноза беше успешно за двајца играчи кои погодија по 11 пара од основната понуда, па добиваат ваучери од Sport Life во вредност од по 500 денари.
Марко М. и Наум К. беа одлични и погодија по 11 исходи, а паднаа на различни натпревари. Марко типувал двојки на Хетафе – Осасуна (заврши нерешено) и Фиорентина – Милан (победија домашните), додека Наум не ги предвиде победата на Сент Етјен над Оксер (типувал на нерешено) и ремито на Астон вила и Манчестер јунајтед (прогнозирал победа на гостите).
Единаесет прогнозери имаа по 10 погодоци и дојдоа на прагот на освојување на подарок ваучер.
Во генералниот пласман, по шест кола води Горан М. со 48 поени, пред Борис Ц. со 46 и Блаже Ј. со 44.