Соиграч од Реал Мадрид ќе му ја „чува“ капитенската лента на Мбапе во репрезентацијата на Франција

Sвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, нема да биде дел од натпреварите на француската репрезентација во октомврискиот прозорец, па Дидие Дешан мораше да одлучи кој ќе биде привремен капитен.

Заменици на Мбапе му беа Гризман и Жиру, но тие заминаа во репрезентативна пензија, па одлуката падна да го менува неговиот соиграч од Реал Мадрид, Орелијан Чуамени, иако лентата им била понудена и на Кунде и Мањан.

„Го одбрав Орелијан бидејќи верувам дека има квалитети потребни за да ја преземе оваа одговорност со оглед на неговото искуство и карактер.“ – рече Дешан.

Селекторот на Франција имаше свој коментар и за отсуството на Мбапе, кој изминатиот викенд играше за Реал, но не е подготвен да игра и за репрезентацијата.

„Играше минатиот викенд, но не беше 100% подготвен. Дали е тоа добро за фудбалерот и за француската репрезентација? Мислам дека не е.“ – вели Дешан.

- Оглас -

Најнови вести