Обдукцијата и официјално ја потврди причината за смртта на Џорџ Болдок

Грчките медиуми ја пренесоа вестта дека и официјално е завршена обдукција на трагично починатиот фудбалер, Џорџ Болдок. Тој вчера беше пронајден удавен во базенот во куќата во која престојувал, а бил најден од сопственикот, откако неговата сопруга алармирала дека не може да го добие на телефон.

Резултатите од обдукцијата покажале дека Болдок се удавил, односно започнал да голта вода додека се уште бил жив. Обдукцијата и официјално потврди дека на телото на фудбалерот немало видливи траги на насилство, а дополнително треба да бидат познати резултатите од анализите за присуство на токсични материи или психотропни супстанци во телото на англичанецот, со оглед на тоа дека на масата до базенот било пронајдено шише со водка.

Џорџ Болдок беше член на Панатинаикос, а минатата сезона настапуваше за Шефилд јунајтед. Со оглед на тоа дека имаше грчко потекло, пред две години одлучи да настапува и за националната селекција на нашиот јужен сосед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести