Надал: Би сакал да бидам претседател на Реал Мадрид, но веќе го имаме најдобриот

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Рафаел Надал, на крајот од оваа сезона ја завршува играчката кариера и заминува во пензија. Голем број на пораки пристигнаа на адресата на Шпанецот, но се чини дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, ја има најоригиналната идеја.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Перес му се јавил на Надал и го информирал дека сака да организира вистински спектакл во негова чест на „Сантијаго Бернабе“. Му најавил дека ќе покани уште тројца тенисери, а се работи за Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, како и иднината на тенисот, Карлос Алкарас.

Надал има изјавено дека неговото семејство навива за Реал Мадрид, па веројатно и тоа е една од причините за ваквиот гест на Флорентино Перес. Останува да се види дали оваа идеја ќе се реализира.

Шпански новинари го прашаа Надал дали има амбиција еден ден да стане претседател на Реал Мадрид.

„Се разбира дека би било прекрасно да бидам претседател на Реал Мадрид, но тоа не се наоѓа на листата во мојот животен план. Ако животот еден ден ми укаже таква прилика и се исполнат условите, тогаш да, би сакал. Но, ние веќе го имаме најдобриот претседател“, изјави Надал.

- Оглас -

Најнови вести