Французите се лути на Мбапе, наместо на собир тој ужива во диско

Франција без многу проблеми со 4:1 славеше над Израел во меч одигран на неутрален терен во Будимпешта, а на овој дуел кај Галските петли го немаше Килијан Мбапе. Капитенот на Франција се пожали на повреда поради која реши да ги прескокне дуелите од Лигата на нации против Израел и Белгија.

Сепак, француската спортска јавност сега е лута откако се појавија фотографии на кои се гледа како Мбапе заедно со своите пријатели излегува од ноќен клуб во Стокхолм, Шведска.

Реакциите се дека тој одлично се забавува додека репрезентацијата е на собир, но и дека сигурно по завршување на репрезентативните обврски, Мбапе повторно ќе се врати во Реал Мадрид подготвен за клупските обврски.

- Оглас -

Најнови вести