Србија со 2-0 ја совлада Швајцарија, а посебно за истакнување е голот на Александар Митровиќ во 61-вата минута, кога претрча повеќе од половина терен, ја спаси топката да не излезе во аут, а потоа со соло акција по десната страна влезе во противничкиот шеснаесетник и со мајсторски гол го совлада противничкиот голман.
Херојот на Србија беше скромен после мечот и рече дека секој гол е важен, без разилка кој го постигнал и на каков начин.
„Секој гол е важен, не би го издвоил баш мојот. Добар натпревар за нас, посебно во дефанзивата. Дадовме два гола, имавме уште шанси, бевме компактни во одбраната. Малку ни фалеше креација во нападот. Ова беше една од најдобрите партии во последно време, вака треба да играме во иднина.“ – рече Митровиќ.