Денениот датум, 13-ти октомври, со златни букви е запишан во историјата на македонскиот фудбал. Пред 31 години во Крањ, Македонија предводена од селекторот Андон Дончевски, го одигра својот прв меч и ја победи домашната Словенија со 4-1.
Головите ги постигнаа Зоран Бошковски, Дарко Панчев, Чеде Јаневски и Драган Канатларовски.