Репрезентацијата на Австрија убедливо со 5:1 ја победи Норвешка во меч од Б сегментот од Лигата на нации. Норвежаните предводени од Ерлинг Халанд парираа само едно полувреме кога резултатот беше 1:1. Во вториот дел, Австрија немаше милост и постигна четири гола за убедлива победа.
Ова е прв пат во сениорската кариера на Халанд неговиот тим да прими пет голови и да загуби со четири разлика, што значи дека еден од надобрите голгетери на денешницата го претрпе најтешкиот пораз.
И покрај поразот, Норвешка уште е прва во оваа група со 7 бодови, колку што имаат и Австрија и Словенија, додека Казахстан е последен со само еден бод.
Грција продолжува со перфектниот исход, откако со 2:0 славеше над Ирска. Грците сега имаат 12 бодови од четири кола и се пред Англија која има девет бодови, додека Ирска остана со само три бодови. Финска е без бодови во оваа група.