Барселона му дозволи да замине бесплатно, но сега ќе го откупи од Селта за 10 милиони евра

Дефанзивецот на Селта, Оскар Мингеза, експлодира со одлични игри оваа сезона и би можел да се врати во Барселона по само две години.

Каталонското радио денес откри ексклузивна информација дека Барса размислува да ја активира клаузулата за „повторно купување“ и да го откупи Оскар Мингеза од Селта за 10 милиони евра.

Мингеза е производ на „Ла Масија“, дебитираше под водство на Роналд Куман, а се наметна и под раководство на Чави. Сепак, поради големата конкуренција, во летото 2022 година доби дозвола да замине во Селта без обештетување, но со можност да се врати за само 10 милиони евра.

Мингеза блесна во Селта, тој сега е еден од најдобрите играчи на овој тим, веќе постигна два гола и оствари четири асистенции во Ла Лига, со што заслужи и повик од Луис де фа Фуенте во националниот тим на Шпанија. Многу е веројатно и дека ќе дебитира утре против Србија.

Мингеза е поливалентен дефанзивец, израсна како стопер, но со текот на време стана одличен десен бек, па дури и крилен играч. Не е изненадување што Ханси Флик би сакал да го види во тимот, особено поради ниската клаузула за негово враќање во Барселона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести