Ламин Јамал ќе се опорави за Ел Класико

Крилниот напаѓач на Барселона, Ламин Јамал, има истегнување на бутниот мускул, соопштија од клубот. Офанзивниот фудбалер утрово ги мина деталните медицински прегледи и јасно е дека ќе мора да паузира одреден перид, меѓутоа не е доведен во прашање неговиот настап на Ел Класико, мега-дуелот против Реал Мадрид на крајот од овој месец.

Враќањето на Ламин Јамал на теренот, како што информираат од Барселона, ќе зависи од брзината на неговото закрепнување.

Јамал ја доби повредата за време на победата на Шпанија над Данска (1-0) во Лигата на нации.

Шпанските медиуми истакнуваат дека повредата на Ламин Јамал не е премногу сериозна и тој речиси сигурно ќе биде подготвен за претстојното Ел Класико на 26 октомври.


Сепак, сигурно е и дека тој нема да игра претстојниот викенд во дресот на Барселона на мечот против Севилја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести