Фудбалскиот инсајдер, Фабрицио Романо, на социјалните мрежи сподели информации дека репрезентацијата на Англија добива нов селектор. Се работи за поранешниот тренер на Манчестер јунајтед и Баерн Минхен, Томас Тухел, кој според Романо, веќе ги договорил личните услови со Фудбалскиот сојуз на Англија и се чека само официјализација.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1846245666831417843
Тоа значи дека мандатот на привремениот селектор, Ли Карсли, завршува, кој ја доби довербата да ја води Англија после заминувањето на Герет Саутгејт, но само додека не се најде трајно речение. И самиот Карсли после мечот со Финска изјави дека на Англија потребен ѝ е тренер од светска класа.