Томас Тухел веќе го потпишал договорот за нов селектор на Англија, тврди „Скај Спортс“. Договорот е со времетраење од 18 месеци и ќе започне да важи од 1 јануари 2025 година.
Фудбалската асоцијација на Англија денеска закажа прес-конференција, на која се очекува да биде објавена веста.
51-годишниот Германец ќе биде 20-тиот менаџер на Англија и само третиот странец на таа позиција по Свен-Јоран Ериксон и Фабио Капело.
Привремениот селектор Ли Карсли ќе продолжи да го води националниот тим на натпреварите против Грција и Ирска следниот месец, кои ќе бидат неговите последни како селектор на сениорската репрезентација, по што ќе се врати во селекцијата до 21 година.
Тухел ќе заработува 5 милиони фунти годишно, што е половина од платата што ја добиваше како менаџер на Челзи.