Фудбалскиот сојуз на Србија формираше комисија за правни прашања која ќе треба да одлучува за барањето на Црвена ѕвезда титулата од 1986 година да му се одземе на Партизан и да им се додели ним.
Се работи за „Шајберовото коло“, кое по налог на тогашниот претседател на ФС на Југославија, Славко Шајбер, е преиграно, а екипите кои ги наместиле резултатите се казнети со одземање по шест бода. Тогаш според Фудбалскиот сојуз, шампион станува Црвена ѕвезда, но Партизан ја добива титулата по две години со одлука на надлежниот суд.
Во Србија веќе може да се почувствува хаосот на социјалните мрежи, а освен пцовки и навреди, може да се прочитаат и коментари од типот: „Сите титули да им ги дадете од 45-та до денес“ и „Може да им дадете 4-5 титули однапред, па некое време да бидеме мирни“.
Сепак, има коментари и од навивачите на Црвено-белите, кои велат: „Нема Sвезда што да добие, Sвезда ја освои титулата. Потоа Партизан ја доби со одлука на судот“.
Формирањето на комисијата и првиот состанок е закажан за денес, а според српските медиуми, првата тема на одлучување ќе биде токму барањето на Црвена ѕвезда.