Надал со комплименти за сонародникот: „Одамна ми кажаа дека доаѓа некој добар млад тенисер“

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Рафаел Надал, објави дека на крајот од оваа сезона заминува во пензија, а со тоа се ближи и крајот на ерата на големата тројка која освен Надал, ја сочинуваа и Федерер и Ѓоковиќ, кој пак останува единствен активен.

Јаник Синер и Карлос Алкарас сега се водечки на АТП ранг-листата, а Надал има само комплименти за својот сонародник.

„Одамна ми рекоа дека доаѓа некој добар млад тенисер и кога првпат трениравме во Австралија, сфатив дека има работи кои другите ги немаат.“ коментираше Надал по поразот од Алкарас на турнирот во Ријад.

Токму Синер и Алкарас утре ќе играат во финалето на турнирот во Ријад, а Ѓоковиќ и Надал ќе приредат вистинско шоу за навивачите во дуелот за третото место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести