Тренерот на Јувентус, Тијаго Мота, откри дека нема да може да смета на голем број играчи за утрешниот натпревар против Лацио. Јувентус, кој игра важен натпревар на домашен терен, се соочува со големи проблеми бидејќи Франсиско Консеисао е суспендиран, а Тун Копмајнерс, Аркадјуш Милик, Глејсон Бремер, Нико Гонзалес и Вестон Мекени се повредени.
Од друга страна, Мота изјави дека ќе може да смета на двајца играчи кои до пред неколку дена беа под прашање за овој натпревар, Тимоти Веа и Николо Фаџоли.
„Ќе бидеме десеткувани, но не се предаваме. Јувентус секогаш оди на победа, посебно пред своите гледачи во Торино“, најави Тијаго Мота.
И двете екипи имаат три бода помалку од лидерот Наполи, кој во моментот е на врвот со 16 бодови.