Наполи е лидер во Серија А, а Конте вели: Моментално трае реконструкција

По седум одиграни кола, Наполи е лидер во Серија А. Ова и не беше за очекување ако се знае дека во првото коло Наполи беше демолиран со 3:0 од Верона. Сепак, по тој пораз, шампионот од пред две сезони нареди пет победи и едно реми, па со 16 бодови е на чело во италијанското првенство.

Иако е лидер, тренерот на Наполи, Антонио Конте е претпазлив и вели дека не треба ниту еден играч да го фати еуфорија.

„Ние сме поставени под знакот „реконструкција“. Не може да биде ништо друго, затоа што работата ја започнавме пред само три месеци. Само што почнуваме. Можам да гарантирам дека повторно ќе изградиме цврсти темели кои можат да го издржат тестот на времето“, рече Конте.

Наполи утре го очекува нов предизвик и тоа на гости кај Емполи, тим кој игра многу цврсто и сезонава има само еден пораз и само четири примени голови во седум средби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести