Првото Ел Класико за францускиот напаѓач Килијан Мбапе, кој летово пристигна во Реал Мадрид, ќе се одигра на 26 октомври, кога Кралевите ќе ја пречекаат Барселона на „Сантијаго Бернабеу“.
Покрај навивачите на Реал, кои долго време го очекуваа Мбапе да го видат во најголемиот натпревар, голем интерес покажуваат и многу неутрални љубители на фудбалот.
Almost 1.1 MILLION people were queueing to get tickets for Kylian Mbappe’s first game against Barcelona 🤯⏳💻
— OneFootball (@OneFootball) October 18, 2024
It's going to be an El Clásico to remember 😅 pic.twitter.com/Sv1JsaDP1E
Повеќе од милион луѓе аплицираа онлајн и чекаат шанса да купат билети за Ел Класико.
Цените на билетите за дуелот меѓу Реал и Барселона се движат од 104 до 364 евра, додека ВИП билетите чинат 815 евра.
„Сантијаго Бернабеу“ може да прими 85.000 гледачи, што значи дека само најсреќните ќе успеат да набават билети.
Пред Ел Класико, и Реал и Барселона ќе одиграат по два натпревари. Реал ќе се соочи со Селта и со Борусија Дортмунд, а Барселона со Севилја и со Баерн Минхен.
Инаку, Барселона моментно е лидер на табелата во Ла Лига, со три бода предност пред второпласираниот Реал Мадрид.