Џенова имаше негатива од 0-2, но на крајот успеа да освои бод откако израмни на 2-2 на домашен терен против Болоња.
Орсолини и Одгард донесоа убедлива предност за гостите на овој меч, но во завршницата Андреа Пинамонти со два гола донесе важен бод за Џенова.
Комо и Парма одиграа 1-1. Анге-Јоан Бони во 20-та минута обезбеди предност за Парма, а Нико Паз успеа да израмни во 45-та минута од дуелот.